Боб Картер, виш потпретседател на Toyota за автомобилските развојни операции, истакнува дека според него возилото на горивни ќелии, кое Toyota планира да го лансира веќе следната година, ќе биде толку успешно како и пионерскиот Prius (бензински електрични хибрид).
Картер ова го потенцира на салонот во Детроит и посочува дека „скептиците“, кои се изјаснија против лансирањето на оваа најнова технологија во најскоро време, ќе бидат „минирани“ од она што ќе го донесе реалноста. Картер посочи дека Елон Маск, основач на фирмата за електрични автомобили Tesla Motors Inc, Карлос Гон, извршен директор на Nissan Motor Co, како и поранешниот извршен директор на Volkswagen, Џонатан Браунинг, навистина ќе бидат демантирани во секој поглед.
-Лично навистина не сум заинтересиран што велат за горивните ќелии Елон, Карлос и Џонатан. Тие мора да ги бранат своите ставови и стратегии. Ова многу потсетува на 1998 и 1999 година, кога за прв пат го воведовме Prius, рече Картер на конференција одржана на оваа тема на автомобилскиот салон во Детроит. Ова е наш нов голем влог во трката за иднината, во која ќе ја преземе водечката улога кога станува збор за зелените автомобили од следната генерација.
Додека Toyota инвестира сериозно во областа на горивни ќелии, компании како Nissan, Volkswagen и Tesla се обложуваат на електричните возила. Тие се на мислење дека водородни автомобили нема да имаат масовна употреба, поради недостаток на инфраструктура за полнење со водород. Пред само неколку месеци, во Лос Анџелес, во ноември, Браунинг, кој тогаш беше шеф на американската единица на Volkswagen, истакна дека електричниот автомобил е повеќе одржлива технологија бидејќи е многу полесно за корисниците да најдат електрични контакти, отколку водородни станици. Ставовите на Гон, на оваа тема, се општо познати.
Картер смета дека прашањето за инфраструктурата е многу важен елемент, но аргументира дека бројот на водородни станици за полнење ќе расте со текот на времето поради интересот за овој вид возила, помогнат од јавно-приватни партнерства.