Главниот извршен директор на PSA Group, Карлос Таварес, е загрижен дека градоначалниците на некои од најголемите градови во светот – особено оние во Европа, може да „одлучат“ какви автомобили ќе произведува автомобилската индустрија.
Ова го тврди во својата анализа за Automotive News и експертот Лука Сифери. А, градоначалниците ќе ја добијат оваа можност, бидејки веќе почнаа да утврдат какви автомобили можат да влегуваат во најголемите градови.
– Мислите ли дека ќе бидам среќен кога луѓе од 85 години ќе им се наметне да се движат со велосипед во Париз во некој студен снежен ден? Тоа беше прашањето на Таварес кон новинарите. Иритираноста на Таварес е сосема очигледна. Отпорот против дизел автомобили зема замав, особено во Европа и некој градови како Париз, каде е седиштето на PSA. Градските „таковци“ сакаат целосно да се ослободат до дизелската понуда до 2025 година. Градоначалниците на големите градови на Стариот континент добиваат се повеќе власт, бидејки законотворците во ЕУ сеуште не гиопределиле правилата за развојот на урбаната мобилност на паневропскиот ниво.
Целосното елиминирање на дизелите од големите градови – ова е една од главните цели на организацијата С40. Почетокот е лансиран во октомври 2005 година, кога поранешниот градоначалник на Лондон, Кен Ливингстон, собра 18 свои колеги, за да ги здружат силите во битката за намалување на штетните и стакленичките гасови. Сега во С40 членуваат градоначалниците на 90 градови, а на чело на организацијата е градоначалникот на Париз – Ен Идалго, кој е познат противник на дизел автомобилите. Од С40 тврдат дека големите градови заземаат само 2% од територијата на планетата, но консумираат повеќе од две третини од енергијата и испуштаат над 70% од јаглерод диоксид во атмосферата.
„Големите градови се на удар, кога станува збор за глобалната промена на климата и ние можеме да ја одиграме лидерска улога во тоа светот да обрне внимание на овие проблеми и да се заземе сериозно со климатските промени“, пишува на сајтот на С40. Минатата година С40 ги презеде првите сериозни чекори за забрана на дизелите во поголемите градови од средината на следната деценија. Тоа се случи преку посебна
декларација, во која се вклучени и податоци на Светската здравствена организација, според која секоја година од загадување на воздухот умираат над три милиони луѓе. Огромен дел од овие луѓе живеат во градовите. Од С40 инсистираат автомобилските компании да престанат да произведуваат дизел модели и побрзо да се насочат кон електрични, водородни и хибридни возила.
Но, мислењето на Таварес не значи дека тој е против иницијативите на С40. Напротив, шефот на PSA ја поддржува оваа иницијатива. Тој е уверен дека инженерите во компанијата можат да создадат такви мотори, кои гарантираат пристап на сопствениците на различни модели Peugeot, Citroen и DS до големите градови. Она што го загрижува е дека кампањата на градоначалниците на големите градови ги ограничува можностите пред обичните луѓе.
– Според мене, сите прописи треба да се неутрални во однос на технологијата – објасни Таварес. – Различните компании ќе понудат различни технички решенија, а крајниот избор треба да биде оставен на клиентите. Тоа значи да можеме да си избираме каде ќе одиме во текот на викендот, без притоа да се лишуваме од автомобилот.