Еве една веб страница која ќе ви биде од корист овие денови. На iDrink можете да ги внесете состојките (од алкохолна природа) што во моментот ги имате и ќе добиете рецепти за коктелите што можете да ги направите. Можете да ја пребарувате и нивната архива од над 14.000 рецепти, да ја погледнете топ листата на најпопуларните пијалоци, а има и игри што одат со пиењето. Само не претерувајте со пробување на рецептите.