Игор Дурловски ја напушта пратеничката фотелја!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше и носител на листа во Изборната единица 5 на последните парламентарни избори, на Фејсбук објави дека ја напушта пратеничката функција:

„Националните интереси, правда за неправедно прогонетите и нормална држава за нашите деца беа/се мои приоритети. Пратеничката фотеља боде кога политичката прагма станува поважна од моралот.

Затоа, го напуштам Собранието на Република Македонија, а на колегите од Коалицијата ‘За обнова на Македонија’ им посакувам истрајност, доследност, мудрост, којашто сум сигурен дека ја имаат.

Тоа што го зборував не можам да го направам, но сега нема да зборувам а ќе продолжам да го правам! Останувам доследен на моите поддржувачи и нивниот глас.

Нека ни е честит денот на македонската револуционерна борба. #Македонија #Слобода“, порача Дурловски.

Прочитајте и:  ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска е уште една продолжена рака на Заев во СДСМ

- Реклама -