Ева Браун му била љубовница на Адолф Хитлер повеќе од 12 години, а потоа и негова сопруга, иако само 40 часа.
Парот поминал долги години заедно, но можно е Браун да го криела своето фамилијарно потекло од славниот нацистички лидер, пишува Дејли Мејл.
ДНК анализата која била земена од четката за коса, за која што се претпоставува дека е на Ева, покажува дека славната љубовница наводно имала еврејска крв од страна на мајката.
Тестирањето било направено за потребите на телевизиската емисија „Dead Famous DNK“.
Во структурата на ДНК-та научниците ја откриле препознатливата halpogrupu N1b1, која се пренесува по линија на мајката. Тоа се поврзува со групата Ашкеназа, која водено чини околу 80 отсто од еврејската популација во светот. Многу ашкенази во Германија се насочиле кон католиците во 19. век.
Иако научниците се убедени дека станува збор за косата на Ева, единствен начин д а се потврди тоа е да се земе крв од нејзините двајца преживеани наследници. Меѓутоа, тие одбиле да бидат тестирани.
Инаку, властите земале четка која на себе имала иницијали Е.Б, а ја пронашол американскиот офицер Пол Баер во Беварската резиденција во 1945 година. По неговата смрт, синот Алан ги продал четката и уште неколку предмети, а водителот Марк Еванс за неа платил 1.200 фунти.
Ева била родена е во Минхен, како ќерка на учител. Се образувала во приватно училиште и била посветена на спорт и атлетика. Неколку месеци работела како рецепционер во болница, и тогаш ја прифатила работата како личен асистент на нацистичкиот фотограф Хајнрих Хофман. Тука го сретнала Хитлер во 1929 година и се заљубила во него на прв поглед. Тој и се претставил како „Господин Волк“ (тоа име го користел во почетоците на неговиот политички живот поради безбедносни причини). Ева пробала да се самоубие во 1935 година, заради несогласувања во врска со Адолф Хитлер. Имала големо влијание врз Хитлер, и некои историчари тврдат дека некои од најлошите идеа биле нејзини замисли. На 30 април 1945 година се убива заедно со Хитлер во бункер во Берлин. Нејзиното тело било запалено заедно со телото на Хитлер.