Од вкупно 570 регистрирани случаи на коронавирус во земјава од тестирани вкупно 5.493 материјали заклучно со 5 април, 276 се машки, а 294 се женски лица, без голема разлика во мopбидитетот (26.6 пoчинати на 100.000 лица кај машките и 28.5/100.000 кај женските). Просечната возраст на заболените е 44.9 години, од кои најголемиот број – 21.8%, спаѓаат во групата на возраст од 50 до 59 години, се вели во последниот извештај на Институтот за јавно здравје.
Од пријавените случаи, 23.0% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика. 173 лица се/биле без симптоми. 154 од заболените имале коморбидитети.
Од вкупниот број позитивни на коронавирусот, 63 се здравствени работници, се наведува во извештајот.
Од вкупниот број на случаи, 73 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје). Вкупно 347 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата или странство, се вели во извештајот.