Илон Маск: Иднината ќе биде фантастична

По прогласувањето на победата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп на американските претседателски избори, неговиот пријател и отворен поддржувач, мултимилијардерот Илон Маск на сопствената мрежа Х кусо напиша „Иднината ќе биде фантастична“.

Маск за цело време на предизборието јавно го поддржуваше републиканскиот кандидат Доналд Трамп и беше активно вклучен во неговата кампања.

Трамп во август најави дека ќе му понуди на Маск работа во неговата администрација доколку победи на претседателските избори.

Републиканскиот претседателски кандидат потврдно одговори во интервју за Ројтерс на прашањето дали е подготвен да го назначи Маск на советничка позиција или да му даде место во кабинетот.

„Тој е многу паметен човек. Сигурно би му ја дал работата ако тој ја прифати. Тој е брилијантен човек“, рече Трамп.

Прочитајте и:  Волц: Трамп планира да ги доведе Русија и Украина на преговарачка маса и да стави крај на војната
- Реклама -