Им го убил денот: Најголемиот Валентајн „хејтер“ на годината

Еден Кинез, кој како што вели, мразел лигави парови смислил одличен начин како да ги зафркне.
Тој ја купил секоја втора влезница во кино сала во Шангај, за да спречи паровите да седат еден до друг.

Момчето кое било претставено како „УП“, се изјаснил како зависник од компјутери, па стартувал кампања за донации. Од парите што ги собрал подоцна си поиграл со сите парови кои по повод Валентајн сакале да го гледаат филмот „Љубовна приказна во Пекинг“.

УП раскинал со својата девојка пред една година, а оттогаш е самопроглаен за „Човекот кој мрази Валентајн“.

 

УП oбјаснил за весникот Shanghai Morning Post дека му било навистина тешко да ја реализира замислата бидејќи онлајн резервациите на киносалата одбивале да му ги резервираат чудните места, а и вработените во киното го одбиле неговото барање.

Прочитајте и:  Храброст, надеж и љубов: Мајка од Скопје на 61 година го роди своето прво дете

„Се надевам дека сите заљубени ќе разберат дека ова е само мала шега” – вели тој за весникот Shanghai Morning Post и ја раскажува својата мала лукавштина.

„Немав доволно пари, затоа еден другар ми препорача да започнам кампања за донации, и фала богу, на светов има доволно сингл, интернет пријатели кои ми помогнаа да соберам пари за да си ја реализирам замислата”, додава тој.

- Реклама -