Има ли разлика меѓу белите и жолтите јајца?

Со еден збор, освен бојата, нема. Едноставно е, кокошките со бели перја несат бели, а кокошките со црвенкасти перја несат жолти јајца. Бојата нема никаква поврзаност со квалитетот и хранливоста на јајцето.

Жолтите јајца се поскапи, па купувачите сметаат дека тие се и поздрави. Но, тоа не е вистина. Штосот е во тоа што кокошките што ги несат жолтите се поголеми и јадат повеќе, што значи дека поголемата цена е резултат на поголемите трошоци.

Но, што е со лушпата? Уште од стари времиња се смета дека лушпата на жолтите јајца е поцврста. Погрешно! Цврстината на лушпата зависи од староста на кокошката, што помлада – поцврсто јајце. Освен бојата, лушпата и кај жолтите и кај белите јајца е речиси иста по составот и квалитетот.

Прочитајте и:  Колку јајца можете да јадете на ден ако имате висок холестерол?

EGG yellows

Исто така, се смета дека жолчката на жолтите јајца има пожива жолто-портокалова боја. Повторно грешка. Бојата на жолчката зависи од храната што ја јаде кокошката. Повеќе пченка – посветло-жолта жолчка. На фармите, кокошките се хранат претежно со преработена храна, па бојата на жолчката повеќе се движи кон портокаловата. Со еден збор, бојата на јајцето (лушпата) нема поврзаност со квалитетот и бојата на жолчката.

- Реклама -