Има ли шанси да падне добар секс во вселената?

article-2044749-024402D100000578-143_1024x615_large[1]

Како што рекреативното патување во вселената станува сé поизводливо, луѓето почнуваат да се запрашуваат околу една од основните рекреации на човештвото – сексот. Pornhub проба да собере пари и да прати две порно ѕвезди за да го испитаат проблемот, но не успеа. Ни преостанува да се потпреме на астронаутите.

Колку што е официјално познато, никој досега немал секс во вселената, макар што американскиот астронаут Рон Гаран потврди дека се наоѓа „слободно време“ (читај: време за мастурбација) за астронаутите кои живеат на Меѓународната вселенска станица. Од друга страна, многу мажи и жени, а меѓу нив и брачна двојка (која одби да каже било што за нивните меѓусебни односи таму горе вон гравитацијата), имаат истовремено заеднички престојувано во едно исто вселенско летало. Значи да не се лажеме, сексот во вселената не е нова тема, особено ако се земе во предвид можноста за хомосексуални односи. Така, да речеме дека прашањето не е дали е можен секс во вселената, туку дали е можен ДОБАР секс.

Признавала НАСА или не дека се интересира и го истражува ова поле, има многу други истражувачи кои тоа отворено го прават. Заклучоците се дека, за жал, постојат многу препреки.

Прво и основно, ерекцијата кај мажите се должи на гравитацијата. Таа помага да се регулира крвотокот во подолните екстремитети на телото. Вселената, знаеме, нема таква гравитациона сила. Додуша сведоштвото на Гаран алудира дека не е невозможно.

Прочитајте и:  Curiosity испрати неверојатна панорама од Марс

Нештата би биле зезнати и за жените. „Вагиналната влажност може да е проблем“, вели физичарот Џон Милис од универзитетот Андерсон. „…бидејќи течноста – како потта и солзите – има тенденција да се насобира на локацијата на излачување, заради недостатокот од гравитација. Тоа не значи дека потполно ќе ја инхибира возбудата, но претпоставувам дека ќе биде неудобно и непријатно“. Овој феномен е забележан при излачувањето на пот кај астронаутите. Молекулите на водата се лепат заедно како да се лепак и наместо да паднат надоле и да се одлепат од телото, тие се собираат во минијатурни „езерца“ околу природните отвори на телото. Не звучи баш секси, нели?

Конечно, дури и да се надминат тие пречки, самиот однос би бил најтешкиот дел. Повторно, и уште поочигледно, виновно е отсуството на гравитација. „Секое туркање или триење ќе го придвижи астронаутот во спротивната насока“, вели Милис. „Замислете пар лизгачи како стојат на свеж мраз. Ако ги спојат рацете и турнат, двајцата ќе бидат оттурнати еден од друг“.

Како и да е, сé додека НАСА не признае што сé знае околу сексот во вселената, ние можеме само да претпоставуваме.

- Реклама -