Има само 4 месеци и е најпопуларно бебе во светот

Со толку славни родители како Ким Кардашијан  и нејзиниот сопруг,  не може да остане изоставена и 4 месечната Норт.

Иако раперот е прилично резервиран кога е во прашање неговото семејство, Ким редовно објавува приватни фотографии на социјалните мрежи.

Таа објави и две нови фотографии од своето бебе. Едната на која се смее, а на другата е во друштво на дизајнерот Рикардо Тисциј, креативен директор на брендот  Givenchy. Ким и Рикардо станале блиски пријатели, а таа често е гледана во јавноста облечена во негови креации.

2

Ријалити ѕвездата ужива во модата, а очигледно својата љубов кон облеката ќе ја проследи и малата Норт која од мали нозе е облечена во најдобрите светски брендови.

5 6

- Реклама -