Имал пеглица. Сега има електрична пеглица

peglica

Мурат Орхон сакал ем да заштеди, ем да ѝ помогне на животната околина, па решил да вози електричен автомобил. Наместо ко нормален човек да оди и да си купи Tesla, Мурат го купил најевтиниот автомобил што го нашол на продажба и ги засукал ракавите.

Со буџет од 1.000 долари, Мурат станал сопственик на Fiat 126 Bis од 1990 година, кај нас супер познат како „пеглица“. Одбрал баш таков не само заради цената, туку и затоа што некои од карактеристиките на автомобилот му ја олеснувале работата на конверзијата.

За почеток, Мурат го отстранил моторот и другите компоненти кои се потребни само за возилата што возат на гориво. На хартија, конверзијата звучи лесно: закачи електричен мотор на трансмисијата и инсталирај пар батерии за да ја чуваат енергијата.

Мурат дури си направил и уникатна табла која не само што покажува GPS, туку и дава и отчитувања во реално време за работата на моторот и батериите складирани зад предните седишта.

Целиот процес на конверзија на пеглицата во електричен автомобил е документиран на неговата фејсбук страна. Ако некогаш помислите и вие да го направите истото, таму можете да најдете многу корисни информации и совети.

- Реклама -