Индиската химна го погоди Бајден во срце, сѐ додека не му текна дека не е американската (ВИДЕО)

Претседателот Бајден приреди непријатен спектакл, ставајќи ја раката на срцето за време на индиската национална химна при посетата на индискиот премиер Нарендра Моди на Белата куќа, пишуваат американските медиуми.

80-годишниот претседател, пред 7.000 гости, ја стави раката на срцето веднаш штом американската гарда ги отсвири првите ноти од индиската химна. Но, како што покажува видеото кое го обиколи светот, по околу 15-тина секунди, Бајден срамежливо ја симна раката, во моментот кога сфати (или можеби некој му довикна) дека тоа не е американската химна.

Прочитајте и:  Бајден помилува две мисирки пред Денот на благодарноста
- Реклама -