![pokemon_go[1]](https://365.com.mk/wp-content/uploads/2016/07/pokemon_go1.jpg)
Индонезиските власти ич не се воодушевени што припадниците на нивната полиција и армија играат Pokemon Go додека се на работно место. Ситуацијата е толку лоша што решија да им стегнат забрана.
Според Министерството за одбрана на Индонезија, ваквата одлука е донесена затоа што играта претставува „закана за безбедноста“.
Pokemon Go сé уште не е легално достапна во Индонезија, но сеедно, сé повеќе се луѓето кои илегално ја „симнуваат“ апликацијата и се впуштаат во потера по замислените цртани суштества.
Највисоките претставници на власта се загрижени; некои сугерираат дека Pokemon Go би можела да помогне и во евентуални шпионски активности:
„Шпионажата може да се извршува во различни форми“, вели министерот за одбрана – Ријамизард Ријакуду.
Затоа војската најави дека ќе им забрани на сите свои припадници да играат Pokemon Go додека се на служба. Демек тоа ќе ги спречи.
![pokemon_go[1]](https://cdn-5859be45f911ca35ec95022d.closte.com/wp-content/uploads/2016/07/pokemon_go1-640x364.jpg)


