Иновативен концепт: Смартфон од иднината?

Дизајнот на телефони не може да се пофали со многу разноликост, а низ годините најголем дел од телефоните имаат правоаголен облик. Меѓутоа, дизајнерите Филип Старк и Џером Оливет претставуваат уникатен концепт на телефон, наречен просто „ALO“ смартфон.

Според нив, овој смартфон би требало перфектно да лежи во раката, а го одликува, највидливо, издолжената форма со транслуцентен изглед. Што се однесува до самата технологија, ALO целосно ја елиминира употребата на екрани на допир, и наместо тоа се фокусира на работа на принцип на холограми.

„ALO“ концептот носи целосен гласовен интерфејс за сите функции на телефонот – може да чита SMS и е-пошта, a пораките наместо да ги пишувате можете да ги диктирате. Камерата се однесува како око, и притоа може да идентификува лица. Видеозаписите ги проектира во форма на 3D холограмски фотографии, а во случај на оштетување, обвивката на телефонот се саморегенерира, а телефонот се поправа.

„Овде зборуваме за вистинска вештачка интелигенција“, истакнуваат дизајнерите, кои во моментов работат на прототипот – врзан со брендот Thomson.

https://youtu.be/23vfwNaergQ

Со оглед дека сé уште е само концепт, тешко дека ќе го видиме во скоро време. Но тотално можеме да замислиме иднина во која луѓето живеат во еко-бунгалови и носат бели скафандери, а користат ваква светкава направа во улога на телефон.

- Реклама -