Ајк Диценбергер е како и многу дргуи 17 годишни американски спортисти. Тој сонува да игра американски фудбал на колеџ. Ајк секој ден учествува на тренинг и вежба заедно со напаѓачите. Овој опис одговара на илјадници американски тинејџери, со една мала, но важна разлика – Ајк Диценбергер има Даунов Синдром.
Ајк Диценбергер е како и многу дргуи 17 годишни американски спортисти. Тој сонува да игра американски фудбал на колеџ. Ајк секој ден учествува на тренинг и вежба заедно со напаѓачите. Овој опис одговара на илјадници американски тинејџери, со една мала, но важна разлика – Ајк Диценбергер има Даунов Синдром.
Диценбергер, кој го посетува средното училиште Сномиш на натпреварот против Викинзите од Лејк Стивенс овој петок постигнал тачдаун откако истрчал 51 јард во последните 10 секунди од натпреварот. Неговото пробивање низ одбраната на противникот било исто како крајот на секој тренинг на неговиот тим кога Диценбергер го води последниот напад на денот. Оваа тактика наречена “The Ike Special” им ги донела единствените поени на Пантерите од Сномиш во поразот од 35:6 против Лејк Стивенс.
Капитенот на тимот, Кит Вигни изјавил „Сите уживаме во неговото друштво бидејќи тој е силен карактер“. Но, ова ретко се случува надвор од теренот, и за да се изведе на официјален натпревар била потребна помош од тренерите на Лејк Стивенс. Тренерите на Викинзите не само што им рекле на своите играчи да му дозволат на Диценбергер да постигне тачдаун, туку и да се погрижат нивните обиди да го спречат да изгледаат реалистично. Во видеото може да се видат повеќе играчи на Лејк Стивенс како скокаат за да го застанат, но сепак не успеваат.
Но, овој тачдаун не е првиот во кариерата на Диценбергер. Викинзите соработували и за претходниот успешен обид на Диценбергер минатиот ноември.
Диценбергер тренирал за ваков тачдаун секој ден минативе три години. Тој тренира со вториот тим, но учествува во последниот напад на првиот тим на секој тренинг сè додека исполнува два услови. Главниот тренер Марк Пери објаснува: „Се договарам со него, ако ја има целосната заштитна опрема на себе, ќе може да игра.“
Диценбергер станал фасциниран со американскиот фудбал додека ги гледал своите браќа како играат. Едниот, Џејк, поминал две сезони крај својот помал брат во тимот на Сномиш. Учествувањето во спорт заедно со својот брат му помогнало на Ајк да стане поблизок со него, и му овозможува на да се пронајде себе си и покрај неговите ограничувања, 17 годишникот е висок само 165 сентиметри.
Фактот што е дел од поголем тим го направил фудбалот еден од најважните аспекти на неговиот живот. Неговата мајка, Кеј, ја објаснува важноста на фудбалот за Ајк: „Децата со Даунов синдром не учат со слушање, туку со гледање. Тој е вистински имитатор. За него, можноста да гледа, и да учи преку имитирање, и да биде како неговиот постар брат е многу важна работа.“
Ајк е и важен дел од тимот, неговото учество во нападот на крајот од тренингот помага во создавање на пријателство и чуство на рутина за сите играчи. Во петокот, ” The Ike Special” дури и ги донесе единствените поени за Пантерите. Но, тоа и најверојатно бил планот на тренерот на Сномиш, бидејќи гледа колку е ефикасна таа тактика секој ден за време на тренинзите.