Инспиративната приказна на Дајан Фоси

cover_1452860102

„Силата не доаѓа од физичкиот капацитет. Таа доаѓа од нескротливата волја“,  рекол Махатма Ганди.

Нашиот свет е исполнет со силни личности кои инспирираат со својата волја. Тие не се откажуваат од реализација на своите соништа, жртвувајќи сè што имаат. На 365 секојдневно ги споделуваме приказните на такви луѓе, чија што порака е вредна и заслужува да биде слушната.

Таа е инспиративна. Таа е пример за тоа колку голема и безрезервна може да биде човечката љубов. Таа го жртвува сопствениот живот во името на својата кауза. Таа го дала својот голем придонес за промена на светот и затоа не смее да потоне во заборав. Таа е Дајан Фоси.

1-kulturosupa_gr_1452860023 2-thelifetraveller_com_1452860024

Дајан Фоси е родена на 16 јануари 1932 година во Калифорнија и станува еден од најзначајните зоолози на дваесеттиот век, чиј што труд е посветен главно во изучувањето на горилата. Заминува за дождовните шуми на Руанда, Африка, каде поминува цели 18 години во истражување на планинско стадо горила. Живее во оддалечена куќа, поради што локалните ја нарекуваат “Нирмачабели”, во превод – жената која живее сама во планината.

4-eden_uktv_co_uk_1452860024

Со многу трпение и внимание, Дајан успева да ја придобие довербата на горилата. Ги минува своите денови меѓу нив и одблизу го набљудува нивното однесување, што темелно е објаснето во нејзините записи кои се претвораат во нешто повеќе од предмет на истражување. Дајан се обидува на секој можен начин и со сите сили да ги заштити горилата, кои се постојан предмет на криволов.

Луѓето ги убиваат за трофеи или ги ловат за продажба на некоја зоолошка градина во светот. Поради ова и нивната популација била значително намалена. Целиот труд, испреплетен со нејзината лична приказна, таа ја објави во книгата “Шумите во маглата”, по која подоцна е снимен и филм.

Низ годините поминати во Африка, Дајан стекна многу пријатели во лицата на горилата и локалните жители, но и неколку непријатели. Со својата сила и упорност, таа успева да ги уништи плановите на многу трговци на црниот пазар. Така настапува и нејзината мистериозна смрт. На 26 декември 1985 година Дајан е пронајдена убиена во колибата во планината. Случајот останува необјаснет и до ден денес.

7-naturahoy_com_1452860027

Сепак, нејзиниот живот не бил жртвуван залудно. По сите напори кои ги вложила, ловењето на горилата е значително намалено и популацијата на локалните видови се зголемила. Можеби најважниот завет, кој таа ни го остави во наследство на сите нас е оној дека треба да го цениме секое живо суштество на планетата, бидејќи кога даваме љубов, ќе ја добиеме истата во замена.

3-en_wikipedia_org_1452860024

- Реклама -