Инстант подмладување: Затегни го лицето и намали го носот без операции

Трикови на паметните: вежбата со показалецот ги подигнува спуштените капаци, а светлата пудра ја крие опуштената кожа на вратот.

Дознајте неколку едноставни трикови за промени на лицето што може да ги направите со неколку потези и малку шминка.

Тајните на веѓите

Со правилна депилација на веѓите може да се ублажи уморниот изглед на очите. Посетете козметички салон каде за малку пари ќе ви ги обликуваат веѓите со подигнување на лакот на веѓата и со отворање на подрачјето околу очите како што тоа го прави Меган Фокс. Препуштете им се на рацете на професионалците кои ќе ја одредат идеалната форма на веѓи за вас.

MeganFox_620_092812

Со малку светла пудра осветлете ја коската околу веѓите за очите да ви изгледаат поголеми. Со осветлување на веѓите за нијанса или две во однос на косата ќе ја намалите видливоста на подочниците и ќе изгледате помладо.

Младешки изглед

Погледот освежете го со истакнати трепки. Првата и најевтина можност е да ги свиткате со посебниот свиткувач за трепки, но за дополнителен ефект користете маскара. Може да ставите и вештачки трепки кои траат подолго.

tumblr_mpy5b0GqBx1qbi8q6o1_500

Инстант подмладување

1. Опуштените образи и кожа на лицето сокријте ги со бронзена или пудра што е една или две нијанси потемна во однос на вашиот тен. Повлечете дијагонална рамна линија под јаболчниците, при што треба да водите сметка линијата да се поврзе со остатокот од шминката. За крај нанесете малку руменило на образот.

2. Течните пудри и руменила ќе го намалат настанувањето на ситни бори затоа што содржат влага. Освен тоа, камената пудра се вовлекува во борите и ги истакнува.

1106nega

3. Ставете го показалецот пред вас. Кренете го нагоре, погледнете во него и што е можно повеќе подигнете ги горните капаци. По 30 секунди затворете ги очите накратко па повторете неколку пати.

4. Замрзнете сок од ананас во калап за коцки мраз. Со една коцка поминете преку чистата кожа, оставете 3 до 5 минути, па исплакнете. Ензимите на ананасот ќе ја зголемат еластичноста и ќе ја хидрираат кожата.

5. Светлата пудра на цело лице ќе ја истакне целата површина, а потемните или бронзени нијанси под вилицата ќе направат сенка, што ќе направи подбрадокот и опуштената кожа да изгледаат помали. Внимавајте двете страни да бидат еднакви и да не ви се познава работ на потемните нијанси.

1

Обликувајте го носот

Со користење на потемни нијанси на пудра во однос на природната боја на кожата може да го преобликувате носот. Нанесете малку посветла пудра по средината на носот, од очите до врвот. Потоа нанесете бронзена или потемна пудра во рамна линија од страните, од очите до врвот. Внимавајте убаво да ги усогласите двете страни и боите да се прелеваат.

- Реклама -