Инструктор паднал во несвест, а ученикот го превзеде: „Ова е мој прв лет“ му кажал на контролорот и тргнал да слетува

Австралијанецот Макс Силвестер (29) кој бил на обука за управување со мал авион, успешно го слетал авионот на својот прв лет, откако неговиот инструктор се онесвестил.

На Силвестер ова му бил прв лет со едномоторен тренинг авион со две седишта, а неговата сопруга и трите мали деца го гледале од земја. Пренесува АБЦ.

Аудио снимката на помеѓу Силвестер и  контролорот на летање на аеродромот Џендакот во јужното предградие во Перт. Макс бил неверојатно смирен кога сватил дека неговиот инструктор паднал во несвест, за време на летот.

– „Знаете ли да управувате со авион“ – го прашал контролорот.

– „Ова мојот прв лет„ – одговорил Силвестер, додавајќи дека никогаш досега не приземјил авион.

Контролорот му кажал да кружи над аеродромот, додека му ја објаснувал постапката за слетување.

По некое време, Силвестер успешно слетал и ги воодушевил присутните со својата храброст и ладнокрвност.

 

- Реклама -