процесор произведен со 22 нанометарска технологија. Неговото појавување
е најавено за 2011-та после што предвиден е уште еден 22 нанометарски
процесор со име „Haswell“, кој ќе содржи дури 8 јадра.
Иако сеуште во светот е актуелно префрлањето на Интел од 45 nm на 32 nm технологија, на мапата на модели предвидени за идно производство се појавија и 22 nm 8-јадрени процесори.
На форумот на интелови соработници, Интел се задржува на нивниот „тик так“ модел на развој на процесорки архитектури, притоа објаснувајќи ја сегашната транзиција од 45 на 32 нанометарска технологија за производство и истовремено го најави својот развој на 22 нанометарски чипови. Оваа вест била претставена од страна на Интеловиот тим од истражувачи и инжењери кои дискутирале на форумот околу пазарната политика на компанијата во следните 5 години.
Инаку „тик так“ моделот кој го применува Интел всушност претставува циклус од две години и тоа: „так“ означува промовирање на чип со нова процесорска архитектура која очигледно се случува секоја втора година и „тик“ период кога Интел ја менува технологијата на пакување на транзисторите во процесорските единици. Хронолошки гледано Интел веќе го најави наследникот на 45 nm Nehalem процесор, наречен Westmere (односно Nehalem-c) изработен во 32 nm технологија. Една од основните карактеристики на Westmere архитектурата ќе биде 8-јадрениот процесорски дизајн секој со сопствени 512 KB L2 кеш и уште еден заеднички кеш од трето ниво (L3) со големина од 16MB.
За периодот од 2011-2012, Интел планира да го произведува „Ivy Bridge“ како прв 22 nm чип за 2011, и потоа да го претстави неговиот наследник наречен „Haswell“, за кој се знае дека ќе има 8 јадра и дека ќе се започне со негово производство во 2012. „Ivy Bridge“ се планира да биде пуштен во производство после „Sandy Bridge“ (претходно именуван како Gesher) кој е од генерацијата на 32 nm архитектура предвиден за 2010.
Како сума на претставената програма може да послужи долната листа:
2009: „ТИК“ период: Westmere – 32nm, 6-cores со HT, IMC и QPI
2010: „ТАК“ период: Sandy Bridge – 32nm, 8-cores со HT, IMC, QPI и револуционерната нова AVX инструкциска технологија наменета за играње
2011: „ТИК“ период: Ivy Bridge – 22nm
2012: „ТАК“ период: Haswell – 22nm, со целосен 8-јадрен дизајн со директно податочно и инструкциско кеширање заедно со интегриран векторски копроцесор.
За подетални информации пристапете тука.