Интересна мапа на светот: по што секоја земја во светот е позната

ЛОНДОН, Фантастичната мапа, креирана од Вилијам Самари, Реј Јамартино и Рафан Анвари, покажува што ја прави секоја земја подобро од која било друга земја.

Собирале информации по пат на различни извори и одбрале некој од најинтересните податоци, со оглед на тоа дека секоја земја е лидер на повеќе полиња.

На списокот се наоѓа  и Хрватска, која, судејќи според мапата, таа не се истакнува со ништо, додека Словенија може да се „фали“  со своите казина.

Бразил е претставен на картата како сопственик на најголемите светски титули во фудбалските шампионати, Австралија како земја со најмногу смртоносни животни и број на меланоми на 100.000 жители.

САД имаат најмногу нобеловци и луѓе yбиeни од косилка за трева. Јапонија е прва по бројот на роботи, Казахстан по количината на  ураниум, а Русија по бројот на малини и нуклеарни боеви глави.

Србија е претставена како лидер во ватерполо, а додека Босна и Херцеговина е означена како земја со најмногу нагазни мини.

 

- Реклама -