Интересни детали за вашиот дом

Групирајќи одредени детали и парчиња мебел, можете да направите интересен амбиент. Послужете се со староте часовници, слики, но и модерен дизајн!

Часовници

Не морате волку многу, но сепак неколку ќе дадат одличен ефект. Сигурно имате неколку кои не се во функција. На ѕидот ќе изгледаат многу необично и оригинално.

Шарено

Табуретките во облик на јајце се интересен избор за седење на земја. Поставете повеќе оригинални табуретки во силни бои и создадете нов изглед. За деца, возрасни, важно е да е весело!

Цртежи

Детските цртежи се многу инспиративни и вдахнуваат позитивна енергија. Каде и да ги поставите ќе направите одлична атмосфера. Тие се инспирација за сите.

 Чинии на ѕид

Декорирањето на ѕидот од дневната соба, можете да го изведете со еднобојни бели чинии во различни облици и димензии. направете голема слика од нив.

 Сувенири

Сувенири и сина боја. Донесете го морето дома.

- Реклама -