Неколку интересни факти за Google, кои веројатно не ги знаете!

Google започна како обичен пребарувач, а денес нуди најразлични интернет производи како: Gmail, Google+, Drive, Chrome, YouTube…, прави хардвер (Google Glass…), го развива Android оперативниот систем за мобилни, ја снима планетава и што уште не.

Google сега е една од најголемите компании во светот и за нејзе речиси се е познато, сепак еве неколку интересни факти за кои мислиме дека се малку познати и многу интересни.

Google.com, првата страна на најважната интернет компанија во светот содржи 23 грешки во кодот, според W3C валидаторот.

Google има фотографирано патишта во должина од 5 милиони милји за мапите со „Street View“. Ова е за двеста пати подолго од должината на екваторот.

Оригиналното име му било “Googol”, некој инвеститор по грешка на чек напишал “Google” и името останало.

Пребарувачот на Google содржи повеќе од 100 милиони гигабајти дата, им треба повеќе од 100,000 хард дискови од 1 терабајт за да ја чуваат.

На YouTube за еден месец се гледаат видеа со времетраење од 450,000 години. Тоа е дупло повеќе отколку што постојат лугето.

Насловната страна на Google е толку едноставна, затоа што основачите Sergey Brin и Larry Page „немале појма“ од HTML. Долго време можело да се пребарува на Google само со притискање ентер.

Google е веројатно единствената компанија во светот која сака да го намали времето, кое лугето го поминуваат на нејзиниот сајт.

Во просек од 2010 година, Google купува по една компанија секоја недела.

Во 2011, 96% од вкупниот обрт на Google кој изнесуваше 37.9 милијарди долари, компанијата го направи исклучиво од реклами.

Текстот е објавен во соработка со МкКод

- Реклама -