Интересни идиоми од светот

Ако земете буквално да ги сфаќате обично немаат логика и се до толку апсурдни што се смешни (пр. „Кога врбата ќе роди грозје“, „Г’з преку глава“, „Мозокот на пасење“ и сл.). Тоа е така зашто идиомите се специфични изрази со специфично метафорично значење, и тоа својствено само за одреден јазик. Ако фатите да му ги преведувате на некој странец, ќе ве гледа како „росна ливада“. Е, ние ќе пробаме баш тоа – да преведеме неколку од светот.

1. ФИНСКА: „Да испуштиш жаба од устата“

= Да кажеш нешто погрешно

2. ИТАЛИЈА: „Во устата на волкот“

= Со среќа!

3. ПОРТУГАЛИЈА: „Да го раниш магарето со торта од сунѓер“

= Да му помагаш на некој што не му е потребно

4. ГЕРМАНИЈА: „Мачкин скок“ 

= Кога нешто е многу блиску, на мало растојание

5. ШПАНИЈА: „Да му/ѝ дадеш тикви“ 

= Да удриш корпа, да откачиш, некого да одбиеш

6. ЈАПОНИЈА: „Да имаш широко лице“

= Да имаш многу пријатели

7. ДАНСКА: „Да имаш стапче во увото“

= Да не слушаш кога некој ти зборува, да си наглув

8. ПОЛСКА: „Не е мој циркус, не се мои ни мајмуните“

= Кој сеел, тој нека жнее; Не е мој проблем

9. ФРАНЦУСКИ: „Да те фати денскиот демон“

= Да имаш средовечна криза

10. РУСКИ: „Да трчаш/јаваш како зајак“

= Да се возиш шверц (со автобус/трамвај/метро); да не платиш карта

- Реклама -