Интернет мисли дека Путин во младоста свирел во рок бенд со Мадуро (ВИДЕО)

Ситуацијата во Венецуела е меѓу главните теми во светската политика, па дел од корисниците на интернет почнаа да ги гледаат ликовите на Путин и Мадуро и каде што ги нема. Дилемата е: Дали рускиот и венецуелскиот претседател заедно свиреле во советски рок бенд во ’80-тите на минатиот век?

Според шегаџиите и понекој наивен, дефинитивно да. Шегата се врти околу музичкиот спот од 1987 година на рускиот бенд Алијанс, во кој клавијатуристот и водечкиот вокал помалку или повеќе потсетуваат на Путин и Мадуро. Забавата на интернет не успева да ја помати ни фактот што пејачот на бендот дефинитивно е човек што се вика Игор Зуравлев.

Оставаме на вас да процените колкава е сличноста и колкави се шансите всушност Зуравлев да е маскиран Путин.

Прочитајте и:  Телефонски разговор Вучиќ - Путин: „Пред две години му реков дека ќе му се јавам кога ќе мораме да воведеме санкции поради притисок“

- Реклама -