Инвеститорот спроти „Холидеј ин“ сака да изгради нов центар на градот, „најубав и најзелен“ на Балканот

Како „Слободен печат“ предложи да изгледа паркингот спроти „Холидеј ин“

По иницијативата на „Слободен печат“ – просторот спроти „Холидеј ин“ да стане зелена оаза (клик тука и тука), се огласи и инвеститорот кој ќе гради на просторот на сегашниот паркинг спроти „Холидеј ин“ – бизнисменот Зоран Антиќ.

Тој ветува дека неговата намера е Скопје да добие нов центар на градот, со модерни содржини – галерија пониска од сегашниот ГТЦ, чиј цел покрив ќе биде градина, огромен подземен паркинг на два ката, модерен и урбанизиран кеј, мала „турска“ чаршија, фонтана како Порта Нова во Милано, една кула од 30 ката што ќе го носи името на Кензо Танге и неколку помали згради на рабовите на парцелата, сите опкружени со зеленило.

„Никогаш не сум помислувал да градам бетонски чудовишта на просторот спроти Холидеј ин. Мојата замисла е, доколку бидам во можност, да изградам нов центар на градот, за кој ветувам дека ќе биде најубав и најзелен на Балканот“, вели Антиќ за „Слободен печат“. Целосниот негов одговор прочитајте го ТУКА.

- Реклама -