I/O четка:светот како палета

iobrush_aec_02I/O четката е нова алатка
за цртање која истражува бои, текстури и движења од најобични
материјали, со тоа што „ги собира“ и црта со нив. I/O четката изгледа
како најобична четка, но всушност има мала видео камера со светла и
сензори за допир. Преку овие сензори, уметникот може да го нацрта на
платното она што „го собрал“ со четката од неговата околина.


s_iobrush_aec_01

I/O четката е новата алатка за цртање која истражува бои, текстури и движења од најобични материјали, со тоа што „ги собира“ и црта со нив. I/O четката изгледа како најобична четка, но всушност има мала видео камера со светла и сензори за допир. Преку овие сензори, уметникот може да го нацрта на платното она што „го собрал“ со четката од неговата околина.
 
iobrush_collection

Кога четката ќе допре некоја површина, светлата околу камерата се вклучуваат да допринесат екстра осветлување. За тоа време, системот зема фрејмови од камерата и ги складира во програмот.

s_iobrush_aec_02

На платното уметникот црта со боите кои ги одбрал, било од движења на окото, текстура или микс на предмети преку кои ќе помине.
 
s_iobrush_aec_03
 
Овој продукт доби златна награда од друштвото за индустриски дизајн на Америка.
 
Овде може да го преземете видеото(2,8MB) кое претставува интересна документација за функционирањето на оваа „магична четка“. Препорачуваме да го погледнете, бидејќи можностите на четката се неверојатни и тешко можат да се опишат со било кој текст или фотографија.
- Реклама -