iPad mini најверојатно ќе биде претставен на настан на 23 октомври

Ако неколку рани извештаи се точни осум нови верзии на iPad mini би можеле да бидат понудени од 320 долари за најслабата верзија до 840 за најсилната.

Извештајот наводно се однесува на системот кој го користи Media Market/Saturn, продажна групација со вработени во Европа и Азија. Во извештајот се наведени цени за верзии со 8, 16, 32 и 64 гигабајти со Wi-Fi, и посебен список со цени за секој модел со вграден радио предавател – за поврзување со мобилните телефонски мрежи – или вкупно 8 модели.

Ако информациите се точни, основниот модел ќе чини 320 долари со дополнителна наплата од 120 долари за радио предавател. Најимпресивниот модел, оној со 64 гигабајти меморија и радио предавател, ќе чини 840 долари. Дебито на новиот iPad mini наводно ќе биде за само 2 недели. Според AllThingsD, компанијата ќе го претстави малиот таблет на 23 октомври.

Очигледната тишина од Apple ги натера повеќето експерти да се запрашаат дали компанијата сè уште планира да го претстави помалиот iPad. Други шпекулираат дека одложувањето во производството го натерало Apple да го одложи дебито за ноември или дури и декември. Но се чини дека не е така.

Датумот е само три дена пред Microsoft Surface да биде пуштен во продажба. Презентацијата на iPad mini најверојатно ќе биде одржана во Town Hall Auditorium на Apple, каде што до сега биле презентирани неколку производи на компанијата – OS X Lion, следната генерација на MacBook Air и iPhone 4S.

Презентацијата на iPhone 5 и најновата верзија на iPod беа одржани во Yerba Buena Center for the Arts во Сан Франциско, па многумина заклучија дека настанот на 23 октомври ќе биде помал. Помалиот брат на iPad ќе има 7,85 инчен дисплеј од течен кристал и Lightning конектор. [Apple likely to unveil “iPad Mini” at October 23 event]

- Реклама -