Според „извори кои во минатото биле точни“ Рене Ричи од сајтот iMore соопштува дека следната генерација на iPhone и iPad mini ќе бидат најавени на 12 септември.
Есенското деби значи дека телефонот и вечно најавуваниот таблет ќе се појават за празничната шопинг сезона. Иако iMore не е познат во блогосферата тој има доста солиден рекорд во известување за деби на Apple производи.
На 13 февруари оваа година Ричи погоди дека новиот iPad (кој тој го опиша како iPad 3) ќе биде најавен на 7 март. Авторот има сличен успех и со предвидувањето на датумите за нарачка на iPhone 4S. Речиси е сигурно дека Apple ќе го најави новиот iPhone наскоро – iPhone 4S е подготвен за апдејт а iPhone 5 гласините достигнуваат критична маса.
Всушност, токму оваа недела вебсајт во Јапонија објави дека го составил новиот телефон според фотографии кои протекоа на интернетот. Но, појавувањето на помал iPad – според гласините дисплејот ќе биде 7,85 инчи – е помалку сигурно. Помалиот iPad ќе биде конкурент за Kindle Fire и Nexus 7, навлегувајќи во категорија со докажан интерес.
Иако Apple доминира во пазарот на таблети, компанијата сè уште нема создадено конкурент за помалите таблети. Ако извештајот на iMore е точен, Apple ќе го пушти следниот iPhone во продажба помалку од една година по iPhone 4S кој се појави на 14 октомври 2011. Apple традиционално се придржуваше до едно годишен циклус за обновување на својот телефон се до ланското одложување за iPhone 4S. [Apple iPhone 5 and iPad mini event planned for September 12, iPhone 5 release date for September 21]