Фудбалската публика во Иран немала можност да го гледа натпреварот меѓу Аугсбург и Баерн Минхен (2:3) одигран во петокот, бидејќи судијата „бил“ жена.
Правдата на натпреварот го делела Бибијана Штајнхаус, а главната причина е што лицето ѝ било откриено. Сосема доволно за во Иран целиот меч да биде тргнат од програмата.
Иранците пропуштија пет гола и сосема интересен натпревар, а во иднина им останува да се надеваат на крај на кариерата на Штајнхаус. Или, пак, на промена на иранските закони, можеби?