– Иранската Револуционерна гарда упати сериозно предупредување за можни масовни одмазднички акции во случај пристаништата во земјата да бидат нападнати, пренесуваат агенциите. Портпаролот на вооружените сили, Аболфазл Шекарчи, истакна дека ако американските закани кон иранските пристаништа се реализираат, тогаш ниту едно пристаниште, економски центар или друга локација во Заливот нема да остане недопрена. Оваа изјава доаѓа во контекст на зголемените тензији во регионот.




