Иран предупредува нема да остане рамнодушен во случај на тотална војна во Либан

Шефот на иранската дипломатија Абас Аракчи синоќа изјави дека регионот на Блискиот Исток е на работ на катастрофа со целосен обем поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Хамас и предупреди дека Техеран нема да остане рамнодушен во случај на војна во Либан.

Зборувајќи на маргините на Генералното собрание на ОН, Аракчи рече дека Израел ги преминал „сите црвени линии“ и дека Советот за безбедност на ОН мора да интервенира за да ги врати мирот и стабилноста.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант
- Реклама -