Иран воведе ограничување на поморскиот сообраќај низ Ормуската Теснина, дозволувајќи премин на најмногу 15 бродови на ден. Оваа одлука може да доведе до сериозни последици за глобалните енергетски пазари. Ормуската Теснина претставува една од клучните поморски рути низ светот, преку која поминува значителен дел од глобалниот извоз на нафта и гас. Секое ограничување на сообраќајот во овој регион може да влијае на цените и достапноста на енергенсите…




