„Ирационалниот човек“ на Вуди Ален

Таму каде што моралот и совеста се борат со аспектите на правдата „се раѓа“ Irrational Man на Вуди Ален.

Последниот филм на Вуди е приказна што отвора доста морални и етички дилеми произлезени од животот и мислите на еден депресивен професор по филозофија.

download

Иако дел од овие прашања беа поставени и во Match Point, најновото филмско остварување  нуди специфичен пристап кон политички некоректните предавања и размисли за етика, што би ги слушале со задоволство, но и еден сосема неочекуван развој на настаните.

Хоакин Феникс за прв пат се појавува во филм на Вуди и харизматично успева да се вовлече во кожата на професорот, а Ема Стоун е одличен избор за ликот на морална студентка која ќе пронајде во нејзиниот ментор – идол, но и очајна потреба да го „излечи“ и доживее интимно.

irrational-man-emma-stone-joaquin-phoenix

Двајцата седејќи во едно кафуле случајно ќе наслушнат разговор на жена која со плачење го проколнува судијата што и го одзел старателството врз детето. Главните протагонисти во филмот започнуваат да ја оплакуваат судбината на жената, но и да размислуваат за луѓето од типот на судијата и за тоа дали оние кои бесчувствително го уништуваат животот на други луѓе, заслужуваат место на планетата.

irrational-man-woody-allen-810x486

Оттука започнува драмата и развојот на тезата ‘што е повеќе погрешно?’ – Судијата да продолжи да живее затоа што “човекот во нас” не ни дозволува да му пресудиме, или некој да ја превземе одговорноста за делото и да го спаси светот од злото? Од друга страна, па колку е релевантна нашата проценка за зло? Одговорите на овие прашања и многу други кои последователно ќе ви се наметнат ќе ги пронајдете во 95-минутната драма со сосема неочекувано финале.

- Реклама -