ИРГЦ го спречи поминувањето на танкер низ Ормуската Теснина

Морнарицата на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) успеа да спречи обид за минување на нафтен танкер низ Ормуската Теснина. Според иранските власти, пловилото не ги уважило безбедносните наредби. Оваа информација ја пренесоа иранските медиуми, повикувајќи се на свои безбедносни извори. Инаку, инцидентот се случил по новите поморски активности на САД во близината на јужниот дел на теснината.

Прочитајте и:  Роберт Милошески именуван за привремен градоначалник на Општина Брвеница по смртта на Јовица Илиевски