Малезија идентификуваше еден од двајцата мажи, кои се качиле на одборот на исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс” со украдени документи, пренесува полицијата.
Полицискиот началник Халид Абу Бакар истакна дека мажот не е малезиец. Властите успеале да го идентификуваат користејќи записи од безбедносните камери на аеродромот.
„Тоа е сè што можеме да откриеме. Се уште утврдуваме дали двајцата влегле во земјата легално или нелегално “, појаснува Бакар.
Потрагата по исчезнатиот Boeing 777 на Malaysia Airlines, кој е исчезнат веќе над 48 часа со 239 лица во него, не дава никакви резултати.
„За жал, не откривме ништо“, рече директорот на малезиската цивилна авијација Азхарудин Абдул Рахман. „Виетнамски авион забележа вчера вечерта остатоци крај јужниот брег, но немаме потврда дека се работи за исчезнатото летало”, додаде тој.
Авион на малезиската авиокомпанија Malaysia Airlines со 229 лица во авионот изгубил допир со диспечерите по полетувањето од главниот град Куала Лумпур.
Boeing 777-200 исчезнал од екраните во 2:40 часот по локално време. Тоа се случило 19 минути по полетувањето на авионот. Според податоците на кинеската агенција Ксинхуа врската е загубена, додека авионот летал над Виетнам. Во авионот имало патници од Кина (160 лица), САД, Франција, Италија, Украина и Русија.