Искри во соблекувалната на „кралевите“ поради Мбапе

По ремито 1:1 против Мајорка на стартот од Ла Лига, во соблекувалната на Реал Мадрид настана првиот спор. Со оглед на тоа што тимот го освои Суперкупот на УЕФА само неколку дена претходно по успехот од 2:0 против победникот во Лига Европа, Аталанта, навивачите на „кралевите“ не губат време да смислат акроним за трозабецот формиран од Џуд Белингам, Винисиус Јуниор и новото засилување Килијан Мбапе – БМВ.

Ова не помина најдобро кај уште еден клучен играч напред – Родриго. Токму тој го спаси „белиот балет“ од понижувањето на гостувањето кај Палма де Мајорка, постигнувајќи го голот, по што покажа нервоза на социјалната мрежа WhatsApp.

„Среќен сум со голот и растот на тимот. Зборуваа за триото Белингем, Мбапе и Вини, но ќе мора да го стават Р за Родриго во таа кратенка. Имаме офанзивен квартет и остатокот од тимот. Секој има свое значење на натпреварите и ќе ја покаже својата вредност на различните турнири на кои ќе се бориме, напиша Бразилецот.

Прочитајте и:  Винисиус се повреди, ќе го пропушти мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите

Сепак, потоа се појави слика на Родриго со Винисиус и Мбапе кои покажуваат добро расположение на јахта во Марбела, што фрла сомнеж врз шпекулациите за создавање долгорочни тензии.

- Реклама -