Исланд – земјата без комарци

iceland_albertflorian_day12_hotriver-LOW[1]

Исланд е едно од ретките населени места на Земјата каде нема комарци. И никој не знае точно зошто е така, пишува New York Times.

Исланд не е ни приближно студен како Антарктикот, каде комарците никогаш не би ни можеле да преживеат заради ниските температури. Ниту пак му фалат извори и езера кои се мошне погодни за размножување на комарците. Од друга страна, комарци има во сите „соседни“ земји на Исланд – Норвешка, Данска, Шкотска, па дури и на Гренланд, што го прави случајот уште помистериозен.

Најверојатната теорија до сега е дека подалеку од Исланд комарците ги држи океанската клима – комарците положуваат јајца на ниски температури, а ларвите се испилуваат кога ќе затопли. На Исланд, меѓутоа, трипати годишно се случува смена меѓу студените и топлите периоди, па научниците претпоставуваат дека таквите услови се премногу нестабилни за опстанок на овие инсекти.

Прочитајте и:  Исланд прифати пократка работна недела и има полн погодок

Според други експерти, можно е причината за овој феномен да се крие во хемискиот состав на самото тло на Исланд, или во водата – т.е. дека постојат хемиски соединенија кои комарците не ги поднесуваат.

Сепак, глобалното затоплување може да ја расипе забавата без комарци; растот на глобалните температури на воздухот во последните 20 години, предизвика населување на околу 200 нови видови инсекти на подрачјето на Исланд. Ако овој тренд продолжи, ништо не ја исклучува можноста дека меѓу идните „доселеници“ ќе има и комарци. Тоа не се по дифолт лоши вести, не за рибите.

- Реклама -