Испланирајте го секое ваше патување со Expedia

expedia_new_logo_detail1Expedia е онлајн сајт за интернационални резервации и е во сопственост на Expedia, Inc. со седиште во Америка. Тука можете да резервирате авионски билети, хотелски соби, изнајмувања на коли, крстарења, пакети за летување како и други погодности снабдени од туристичките агенции околу светот.

Expedia е онлајн сајт за интернационални резервации и е во сопственост на Expedia, Inc. со седиште во Америка. Тука можете да резервирате авионски билети, хотелски соби, изнајмувања на коли, крстарења, пакети за летување како и други погодности снабдени од туристичките агенции околу светот.

expedia-scr

Навистина вреди да се погледнат евтините понуди што ги нуди Expedia, особено ако во моментов планирате да патувате некаде. Услугите што ги нуди се следните:

– Заштедете до 220 евра ако резервирате авионски билет и хотелска соба одеднаш
– Бесплатна интегрирана мрежа за награди. За секој долар што ќе го потрошите, добивате еден поен кој подоцна ќе можете да го искористите за да купите нешто од Expedia (имаат дури електронски и домашни уреди)
– Апликацијата “Trip Assist” која можете да ја симнете за вашиот iPhone или iPad ви нуди информации за летови, хотели, цени и сето тоа во реално време во вашите раце каде и да сте
– Ако поминете 12 хотелски ноќевања и потрошите над 10.000 евра, автоматски добивате “Elite Plus” ексклузивно членство со многу бенефиции и попусти
– Нуди пакет за заштита кој покрива билети, хотели, автомобили и активности во случај заради било која причина решите нешто да откажете. Ќе мора да платите надомест а цената зависи од дестинацијата.
– Вие изберете ја авантурата
– Виртуелни, 360 степени, тури на хотели
– Директен контакт со преку 70.000 установи низ целиот свет
– Чувајте ја околината. Можност за изнајмување на хибридни автомобили.
– Мејл и RSS автоматски вести за да ве одржуваат во тек со промените
– 24 часа корисничка подршка во живо

Добра страна
Начинот на оценување на хотелите е далеку посупериорен од другите веб-страници, каде што не ги оценуваат само по задоволството на престојувачите туку со многу други фактори. Со внесување на местото каде што сакате да патувате добивате листа од најдобрите или/и најевтините хотели. Можете да прочитате и мислења од други луѓе што престојувале во тие хотели. Потоа со еден клик можете да резервирате соба во хотелот кој највеќе ви се допаѓа.

Лоша страна
Expedia тврди дека 99.85% од нивните корисници се задоволни од услугите што ги нудат. Но, постојат онлајн поплаки од корисници кои тврдат дека нивните резервации биле откажани иако Expedia им гарантирала дека тоа не може да се случи. Овие поплаки направија многу корисници да ја изгубат својата доверба па дури изникнаа и веб-страници кои изјавуваат дека Expedia е измама.
iphone_exp21_copy
Во краен случај, повеќето корисници не сакаат да се потпрат на неколку изјави за измама, затоа што како и сите и овој систем не е совршен и прави грешки. Само треба внимание и повторно проверување. Доколку сте имале искуство со Expedia, би сакале да го чуеме вашето мислење во коментарите подолу.
- Реклама -