Испораката на iPhone 5 ќе доцни поради штрајкот во Foxconn

China Labor Watch (CLW) објави дека на 5 октомври во 13 часот по локално време започнал штрајк во фабриката на Foxconn во Женгжу, Кина.

Според работниците, во штрајкот учествувале три до четири илјади работници. Покрај тоа што Foxconn барале работниците да работат за време на празници тие поставиле и превисоки стандарди за квалитет без да обезбедат соодветен тренинг за работниците. Поради ова работниците започнале да создаваат производи кои не ги исполнуваат стандардите што само го зголемувало притисокот врз нив.

Дополнително, инспекторите кои го контролираат квалитетот започнале конфликти со работниците и неколку од нив биле истепани. Менаџментот на фабриката ги игнорирал жалбите и не презел дисциплински мерки. Како резултат на овие околности било значајно запирање на работата, и кај работниците и кај инспекторите.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

Мнозинството работници кои учествувале во штрајкот работеле во одделот за „локална контрола на квалитет“. Според работниците, неколку ленти за производство на iPhone 5 биле запрени во текот на целиот ден. Наводно и менаџментот на фабриката и Apple поставиле строги барања за квалитетот и покрај проблемите со дизајнот, вклучувајќи и максимална дозволена грешка на вдлабнатини од 0,02 милиметри.

Поради ваквите барања вработените не можеле да создадат телефони кои ги исполнувале стандардите. Зголемениот притисок врз работниците и работењето за време на празник и отсуството на одмор биле причините за започнувањето на овој штрајк.

- Реклама -