Во ексклузивно интервју за „Ало“ фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ (39) ги откри најубавите и најтешките детали од кариерата.
Освен тоа, Цеца говори дека со патење ги надживеала и сите убави моменти кои ги поминала со покојниот сопруг Аркан, дека нејзиниот живот по неговото убиство пред 14 години воопшто не и е лесен, но и како го поднела апсењето во акцијата „Сабја“.
Нејзините детски соништа да има голем концерт во Белград, сите да ги знаат нејзините песни и да има прекрасни балади, се оствариле во 2002. година.
– Мојот талент во моето животно опкружување беше познат и пред мојата десета година, кога сите ме викаа да пејам и ме нарекуваа „Чудо од дете“. Од моментот кога за мене беше направена првата песна, се започна да се движи многу брзо и се како да одеше по некој судбински пат, ја започнува Цеца приказната и го раскажува моментот кога сфатила дека е популарна.
– Се враќав со татко ми, кој секогаш ме дружеше на настапите. Во неколку наврати еден автомобил се обиде да не обиколи и да ни сигнализира нешто. Мојот татко застана и помисли дека нешто се случило. Меѓутоа парот во автомобилот само сакал да се фотографира со мене, вели Цеца.
Таа имала напорен распоред, па некогаш спиела на училиште.
– Секогаш сметав дека сум силна и зрела. Се сеќавам како не бев задоволна од текстот на песната „Cvetak zanovetak“. Протестирав што немам некој посериозен текст и некоја балада, а не да пејам такви детски песни. Секогаш толку многу трчав да бидам постара, но сега веќе не. Во тие некои почетоци, толку бев среќна, ги сакав своите пејачки обврски и се трудев да не го напуштам училиштето, бидејќи знаев дека , ако не бидам одлична, пеењето ќе ми биде проблем. Така еднаш после неколку настапи и целодневен пат дојдов и заспав на час. Среќа имав разбирање и од професорите, семејството, а што е најважно од се – имав огромна желба да пејам, да одам на настапи и таа беше посилна од се, раскажува Цеца која признава дека ни денес не може лесно да се сноси со етикетата – вдовица на Аркан.
– Тоа ми е тешка тема, за која сум зборувала многу кога сум морала, најчесто со своите деца бидејќи не сакам медиумите да ги учат каков бил нивниот татко. Беше тешко сите овие години да бидам неговата вдовица, само поради луѓето кои лошото што ми се случува го доживуваат како своја победа. Верувам дека тие години кои ги поминав во прекрасен живот со Жељко, ги платив и преплатив во сите овие години по неговото убиство, открива Цеца и признава дека неговата смрт и денес ја боли.