Историјата на божиќното чорапче

Со векови датира традицијата да поставуваме чорапче под елката или над каминот, што Дедо Мраз треба да го наполни со подароци. Во некои земји дури ги испишуваат чорапите со имињата на секој член од семејството.

Една од сториите за божиќниот чорап гласи … Николас (Свети Никола) бил син на многу побожни  родители во денешна Турција. Како епископ на градот Мира тој бил многу сакан од луѓето за великодушноста, која ја пројавувал кон сите и особено кон децата.Светецот знаел дека многу луѓе во неговата парохија се сиромашни и доаѓајќи од богато семејство, тој често им помагал. Како по обичај, секоја новогодишна вечер тој ги посетувал куќите во парохијата, за да се увери дека секое дете ќе има подарок. Во тоа време секој татко требало да обезбеди мираз на својата ќерка, или дарови. Жена без мираз не можела да се надева да се омажи. Николас слушнал дека некаде таму имало еден благороден маж кој бил принуден сам да се грижи за своите три мали ќерки. Неговата сопруга починала и тој, исполнет со многу тага, ја презел тежината да раководи со семејството. Дошло време девојките да се задомат, но ….. ниту една од нив немала мираз. Една вечер ќерките ги ставиле чорапите на нивниот татко, над каминот, за да се сушат побрзо. Тогаш, знаејќи за тешката положба, Никола тајно отишол во нивниот дом. Кога ги видел чорапите, тој ги наполнил со злато.Така, човекот успеал да ги омажи и трите ќерки и живеел живот мирно и среќно.

- Реклама -