Историски неточни филмови

Повеќе... Сценаристите и режисерите, особено оние Холивудските, често ја филуваат историјата во склоп со вкусот на публиката за која ги прават филмовите. Тоа не е ретка појава, сепак филмовите се фикција, а не документарци. Затоа, кога станува збор за исторските факти, не му верувајте на Холивуд, а особено не на Мел Гибсон!


Сценаристите и режисерите, особено оние Холивудските, често ја филуваат
историјата во склоп со вкусот на публиката за која ги прават филмовите.
Тоа не е ретка појава, сепак филмовите се фикција, а не документарци.
Затоа, кога станува збор за исторските факти, не му верувајте на
Холивуд, а особено не на Мел Гибсон!

1. Подморница U-571
2238d.jpg

Британците први ја заплениле нацистичката направа за дешифрирање, но според овој американски филм излегува дека тоа го направиле Американците. Сценаристот Дејвид Ајер подоцна призна дека згрешил, но целта му била – да ја привлече американската публика.


2. Храбро срце
1507d.jpg

Шкотскиот јунак Wallace не бил сиромашен селанец туку земјопоседник и витез, а предмет на неговиот љубовен интерес не би можела да биде кралицата Изабела, бидејќи во тоа време била стара само две години.


3. 10.000 години пред Исус

Филмот за ловецот од предисторијата кој ја бара својата невеста е преполн со бизарни, неточни и невозможни нешта, па би можел да се вика и „10.000 грешки“. Мамути штои градат пирамиди?

{youtube}zzmqthZCjyg&feature=player_embedded{/youtube}


4. Патриот
2249d.jpg

Освен што некои се навредија заради тоа што ги преувеличува британските злодела, на Мел Гибсон му се замерува и за тоа дека како позитивец го прикажал ликот кој го изградил врз реалната историска личност по име Francis Marion, а кој бил сопственик на робови, силувач и човек кој убивал Индијанци за забава.


5. Pearl Harbor
1380d.jpg

Главните јунаци во филмот се инспирирани од двајца американски ветерани, но еден од нив подоцна призна дека неговата животна приказна е претставена „искривено“ и „пресензационалистички“.


6. Apocalypto
2965d.jpg

Во реалноста, Маите не ги напаѓале селата со сонародниците, туку за човечки жртви избирале воени заробеници. Но, станува збор за филм на Мел Гибсон, па не е чудно што историските факти не се толку битни.


7. Амадеус

Неколку години после смртта на Моцарт се раширил трачот дека дворскиот композитор Антонио Салиери го убил славниот ривал. За тој мит нема доказ, а Моцартовата вдовица имала потполна доверба во наводниот убиец на нејзиниот маж.

{youtube}pxgZcMGmkkI&feature=player_embedded{/youtube}


8. Гладијатор
joaquin_phoenix_russell_crowe_gladiator_001.jpg

Во филмот, Комод има склоности кон сопствената сестра и го убива својот татко за да стане цар. Во реалноста овој римски цар ја погубил својата сестра заради обид за атантат, а таткото, славниот Марко Аурелиј, умрел заради болест.

9. Young Victoria
the-young-victoria.jpg

Принцот Алберт и бил навистина лојален на кралицата Викторија, но не дотолку за да го прими куршумот кој атентаторот и го беше наменил нејзе. Сценаристот подоцна објасни дека само сакал подобро да ја прикаже пожртвуваноста на Алберт.

10. Marie Antoinette

На оваа стилизирана биографија на француската кралица и зaмеруваат за многу работи, а најмногу заради тоа што режисерката Софија Копола ja занемарила политичката позадина на Француската револуција, а „се фокусирала на костимите и колачите.“ Но, така е и со останатите филмаџии кои постапуваат во духот на афоризмот „ако немаат леб, нека јадат колачи“. Само што режисерите и продуцентите тоа го заменуваат со „ако нема историска вистина, нека биде митот оној кој ќе и се допадне на публиката.“

{youtube}cLJ1vuUWprA{/youtube}
[The 10 most historically inaccurate movies]

- Реклама -