8
Ако некогаш се веруваше дека јаткастите плодови дебелеат, некои неодамнешни истражувања покажуваат дека тие всушност можат да помогнат при губење на тежината.
Студија од февруари 2024 година, објавена во списанието „Nutrition Research Reviews“, покажа дека јаткастите плодови како бадеми, кикиритки, фстаци и ореви можат да им помогнат на луѓето полесно да ги постигнат своите цели за губење на тежината , пишува „Health“.
Студијата покажа дека јаткастите плодови можат да бидат дел од исхраната на оние кои сакаат да ослабат бидејќи тие придонесуваат за губење на тежината, вели авторката на студијата Алисон Коутс.
Секако, треба да се има на ум дека јаткастите плодови сè уште се висококалорична храна со висока содржина на масти, но и покрај тоа, тие го помагаат слабеењето.