Италија го повика рускиот амбасадор по тешките навреди упатени кон Мелони, наречена „фашистичко ѓубре“ и „идиот“.

Италија денес го повика рускиот амбасадор на разговор поради навредите упатени на адреса на италијанската премиерка Џорџа Мелони во една програма на руската телевизија, соопшти министерот за надворешни работи, Антонио Тајани. Како што пренесува Ројтерс, амбасадорот бил повикан во Министерството за надворешни работи поради „исклучително сериозни и навредливи коментари“ изнесени од водителот Владимир Соловјов.

Според информациите, Соловјов во краток прилог на италијански јазик ја навредувал Мелони, нарекувајќи ја „идиот“, а на руски ја опишал како „фашистичко ѓубре“ кое ги изневерило своите гласачи. Тој исто така ја обвинувал премиерката дека му се ставила на располагање на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Ројтерс додава дека односите меѓу Мелони и Трамп во последно време значително се влошиле, особено откако таа се дистанцирала од војната со Иран и јавно го критикувала американскиот претседател по повод нападот на папата Лав XIV.