Самит за мир во Украина
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, изјави дека Русија и Европа треба што поскоро да организираат самит со цел да дискутираат за можноста за завршување на војната во Украина.
Орбан ја поздрави најавата за средба помеѓу претседателите на Соединетите Американски Држави и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, која ќе се одржи следната недела. Тој истакна дека прекинот на огнот и укинувањето на санкциите можат да се постигнат само ако двата лидера се согласат, пренесе агенцијата МТИ.
Премиерот дополнително нагласи дека пред неколку години Унгарија предложила наместо европските институции, германскиот канцелар и францускиот претседател да ја претставуваат Европската Унија на разговорите во Москва, или самитот да се одржи на неутрална територија.




