ИТТФ дозволи враќање на руските и белоруските пингпонгари

Меѓународната пингпонгарска федерација (ИТТФ) даде дозвола за враќање на руските и белоруските играчи на меѓународните натпреварувања.

ИТТФ објави синоќа дека руските и белоруските пингпонгари можат да се натпреваруваат на меѓународната сцена „под строги услови на неутралност“, но, играчите од двете земји, сепак, нема настапат на Светското првенство во мај бидејќи поради суспензијата ги пропуштија квалификациите.

„ИТТФ повторно повикува на мир и ја осудува војната во Украина. Се солидаризира со народот во Украина и ќе продолжи да ја поддржува украинската пингпонгарска заедница, вложувајќи максимални напори за да обезбеди сите украински играчи да можат да настапуваат на пингпонгарските, парапингпонгарските и јуниорските настани ширум светот“, соопшти ИТТФ.

Својата одлука ИТТФ ја оправда со примерот на „пингпонг дипломатија“ кога американските пингпонгари отпатуваа во Кина во 1971 година за да одиграат серија ревијални натпревари, кои помогнаа односите меѓу двете земји да се одмрзнат за време на Студената војна.

Прочитајте и:  Залужни: Апсолутно, 2024-та e година кога Третата светска војна започна

„Пингпонгот има долга историја на зближување на луѓето, дури и кога политичките врски биле слаби“, порача ИТТФ.

МИА

- Реклама -