Итурбе: Кој не би сакал да игра за Јуве?

Талентираниот Аргентинец, Хуан Итурбе вели дека е отворен за преселба во Торино доколку добие понуда од ’Старата Дама’.
20 годишниот офанзивен фудбалер од средниот ред прикажува импресивни перформанси во дресот на Верона оваа сезона, каде е на позајмица од Порто.

Медиумите од Италија шпекулираат дека со добрите игри Хуан Итурбе го привлекол вниманието на неколку клубови, помеѓу кои и Јувентус.

Извештаите велат дека ’Бјанконерите’ во јануари оствариле контакт, се распрашувале за можноста да го ангажираат играчот, но на крајот одлучиле да ја одлолжат целата операција за во летниот преоден рок.

Во разговор со Tuttosport, Хуан Итурбе вели дека не знае каква ќе биде неговата иднина, но признава дека е отворен за трансфер во Јувентус.

„Не знам ништо за мојата иднина” – рече Аргентинецот.

„Секако, Јувентус е одличен тим, најдобриот во Италија. Кој не би сакал да игра за Јуве?”

Хуан Итурбе пред неколку години важеше за еден од најнадежните млади фудбалери и беше најавуван како ’новиот Лео Меси’.

Но по трансферот во Порто неговата кариера не забележа прогрес онакаов како што многумина предвидуваа.

Во дресот на Верона оваа сезона, тој одново покажува со каков талент и потенцијал располага.

Покрај Јувентус, за неговите услуги интерес пројавуваат и Рома, а се говори дека и скаути на Реал Мадрид го следат прогресот на Хуан Итурбе.

Teкстот е објавен во соработка со fudbal24.com.mk

- Реклама -