Ивана Павлаковиќ носи нова енергија во Драмски театар Скопје

По десет години фриленство, Ивана Павлаковиќ споделува дека и се исполнила голема желба со вработувањето во Драмски театар Скопје За неа, работата на сцената не само што ја исполнува, туку и со секоја улога созрева. Во нејзините зборови, се одразува почитта кон режисерите кои им даваат слобода на сцена, што ја олеснува нејзината креативност.

Дуодрамата Венера во крзно е една од нејзините најомилените претстави. За Ивана, таа не е само улога, туку и израз на нејзината артистичка визија и принципи. “Да си останеш доследен на своите принципи и на работите во кои веруваш и секогаш да знаеш од каде си почнал и никогаш да не се занесуваш кога ќе достигнеш некоја височина”, истакнува Ивана, раскажувајќи за своето театарско патување и филозофијата што ја го води.

- Реклама -