Вчера во Собранието на Република Македонија годишно обраќање имаше претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов.
Типично во духот на матичната партија, говореше за тирански платформи, загрозеност на унитарноста на државата, но и дека УБК е жариште на секоја политичка криза и дека притворањето на осомничените во нападот на Собранието на 27 април е политички реваншизам.
Исто така, изјави и дека се уапсени луѓе кои мирно сакале да ја одбранат својата држава и дека се притворени само поради лична одмазда која би довела до друга одмазда.
Владејачката гарнитура излезе со став дека овој говор е срамен и дека може да предизвика натамошни делби, додека пак ВМРО-ДПМНЕ смета дека овој говор е патриотски и државнички.